Басистот на „Рибља чорба“ трет ден се бори за живот, на респиратор поради коронавирусот

Басистот на „Рибља чорба“ трет ден се бори за живот, на респиратор поради коронавирусот

пред 4 години

Миша Алексиќ басистот на „Рибља чорба“ трет ден е на респиратор и состојбата му се влошила, пренесуваат српските медиуми. Неговата ќерка Мина објавила статус во кој потврдила дека нејзиниот татко се бори за живот.

„Мојот Мишо заболе од ковид и на респиратор е веќе трет ден. Секој час е негова борба за живот како и моја и на мајка ми за него. Миша би сакал сите наши драги луѓе да знаат каков лав и борец е тој. Би сакал сите луѓе кои го сакаат и почитуваат како мајстор на рокот, овие денови да бидат со нас, со него и да веруваат дека ќе победиме. Сите мислевме дека е шега и до пред две недели седев со семејството на ручек и се смеевме дека не сакаме да носиме маски и зборувавме каде ќе одиме да се забавуваме или да ручаме. Јас сега останав со двајцата родители во болница. Преплашена да, но и храбро верувам во среќа и добра енергија. Ве молам поради Миша да испраќаме најсилна енергија во вселената и што побрзо да се врати на сцената со гитара“ напишала Мина.

Share
Scroll to Top