Ким се разведе од Канје, раперот месечно ќе мора да плаќа 200.000 долари алиментација

Ким се разведе од Канје, раперот месечно ќе мора да плаќа 200.000 долари алиментација

пред 1 година

Ким Кардашијан и Канје Вест официјално судски се разведоа. Реалити ѕвездата и контроверзниот рапер ќе имаат заедничко старателство со еднаков пристап за нивните четири деца, 9-годишната Норт, 6-годишниот Сент, 4-годишниот Чикаго и 3-годишниот Псалм.

dobivaj vesti na viber

Извори блиски до Ким за ТМЗ  изјавиле дека таа сепак ќе биде со децата 80 отсто од времето, како што Вест претходно призна. Во спогодбата стои и дека раперот на поранешната сопруга ќе треба да и плаќа 200.000 долари месечна алиментација. Понатаму, тој е одговорен и за 50 отсто од трошоците поврзани со образованието на децата, како што се школарина и трошоци за осигурување.

Според спогодбата, доколку Кардашијан и Вест некогаш се скараат поради некое од нивните четири деца, од нив се бара да присуствуваат на посредување или помирување. Меѓутоа, ако една од страните не учествува во медијацијата, страната учесничка станува одлучувач. Покрај тоа, имотот на познатата поранешна двојка бил поделен според предбрачниот договор, а и двајцата се откажале од брачната издршка.

Да потсетиме дека 42-годишната Ким поднесе барање за развод во февруари 2021 година по седум години брак. По неколку месеци неуспешни јавни обиди на Вест да ја придобие својата поранешна сопруга, судијата ја прогласи Ким официјално сингл во март 2022 година.

Share
Scroll to Top