Бача од „Јужен ветер“ ќе стане татко

Бача од „Јужен ветер“ ќе стане татко

пред 3 години

Српскиот актер Миодраг Радоњиќ ќе стане татко. Неговата свршеница Милица е во поодмината бременост и треба да се породи за околу еден месец. Актерот, кој се прослави со улогата на Бача во популарниот филм и серија „Јужен ветер“, вели дека едвај чека да се роди бебето.

„Со Милица планираме да се венчаме и спремен сум да станам татко. Би сакал да имаме многу деца. Јас сум човек што сака стабилна врска, а честото менување партнери не ги задоволува моите емотивни потреби. Сметам дека човекот е создаден за покрај себе да има некој кому може да му верува и да му биде поддршка, но и да го критикува кога ќе треба“, рече неодамна Миодраг во интрервју за „Мондо“.

Share
Scroll to Top