Бајковите зимски дестинации кои вреди да ги посетите

Бајковите зимски дестинации кои вреди да ги посетите

пред 2 години

Бледско Езеро, Словенија
Бледското Езеро се наоѓа меѓу планини покриени со снег. Водата во езерото замрзнува само во многу ладни зими, па пејзажот е уште понеобичен. Среде езерото има мал остров со црква, а ако погледнете од другата страна, можете да го видите стариот средновековен замок на висока карпа. Гледајќи ја оваа замрзната слика, изгледа како да сте некаде на крајот на светот, многу далеку од цивилизацијата. Но, всушност, езерото е оддалечено само десет километри од главниот град на Словенија, Љубљана.

Шпанија, Барселона
Во Барселона нема снег и мраз дури ни во зима. Но, има многу сонце што го осветлува божиќниот пазар „Санта Лусија“. Традицијата на продавање божиќни украси, садови, џемпери, сувенири и слатки постои уште од 18 век. Тоа е идеално за оние што сакаат да уживаат во атмосферата на купување.

Шкотските висорамнини
Шкотските висорамнини се вистинско откритие на љубопитните луѓе: има антички замоци, ледени езера и огромни снежни предели. Зимата е најдоброто време да го истражите овој необичен регион затоа што има многу малку туристи и никој нема да да ви влегува во кадарот и да ве вознемирува додека му се восхитувате на пејзажот.

Лапонија, Финска
Снежни предели, колиби, елени… Следбениците на Инстаграм ќе ви завидуваат кога ќе ги видат слики од вашиот зимски одмор.

Лофотенски Острови, Норвешка
Завиткани во снег, Лофотенските острови изгледаат како бајка. Но, ќе се забавувате на повеќе начини: риболов, северни светла, качување на ледените врвови – дефинитивно нема да ви биде здодевно.

Салцбург, Австрија
Салцбург е најдобриот избор ако сакате да ги избегнете метежот и вревата и да уживате во мрзливата зимска атмосфера. Во зима, градот е како замрзнат и сè е под снег, а на плоштадот се продаваат бонбони и сувенири. Но, никој не брза. Особено задоволство е да уживате во некое кафуле со шолја кафе и со парче сахер торта и низ прозорецот да ја гледате замрзнатата река Салзах.

Гринделвалд, Швајцарија
Во склоп на празниците, цел Гринделвалд ќе биде украсен со скулптури од мраз со кои ќе можете да се сликате бесплатно.

Чешка, Прага
Во зима, улиците во Прага се украсени и натрупани со снег, а воздухот мириса на зачинето варено вино.

 

Share
Scroll to Top