(Видео) Се запали имотот на Бијонсе и Џеј Зи во Њу Орлеанс

(Видео) Се запали имотот на Бијонсе и Џеј Зи во Њу Орлеанс

пред 3 години

Домот на музичките ѕвезди Бијонсе и Џеј Зи во елитната населба Гарденс во Њу Орлеанс скоро целосно изгоре во пожар. За сега не се знае од што се запали шпанско-барокната палата вредна 2,4 милиони долари.

Сведоци велат дека биле потребни 22 пожарникари и повеќе од два часа за да се спречи ширењето на пожарот. Обемот на штетата сѐ уште не е познат, но голем дел од куќата изгорел. пишуваат американските медиуми. Тие се повикуваат на очевидци кои велат дека работите можеле да бидат многу полоши, но за среќа, пожарникарната служба реагирала брзо.

Популарниот рапер и продуцент и пејачката во моментот на пожарот не биле во куќата.

Share
Scroll to Top