Баeрн синоќа за момент играше без голман, фотографија од Нојер која го обиколи светот

Баeрн синоќа за момент играше без голман, фотографија од Нојер која го обиколи светот

пред 4 години

Голманот на Баерн Минхен, Мануел Нојер, за момент се најде во центарот на внимание на синоќешното финале на Светското клупско првенство, со тимот на Ал Ахли.

Германецот немаше многу работа на неговиот гол, па за момент излезе на средината од теренот, додека неговиот тим напаѓаше. Фудбалските експерти коментираат дека фотографијата најдобро ја отсликува вчерашната доминација на германскиот клуб.

За потсетување, Баерн Минхен го освои пехарот со победа од 2:0, а херој на мечот беше полскиот напаѓач Роберт Левандовски, кој ги постигна двата погодоци.

 

Share
Scroll to Top