Откако Дуа Липа облече фустан од „Версаче“ на доделувањето на Греми-наградите, Синди Крафорд откри дека пред 30 години и таа го носела истиот фустан од италијанскиот моден бренд. Топ-моделот објави две слики на Инстаграм за да направи споредба, па напиша: „Некогаш и сега. Безвременски“.
Меѓу оние кои ѝ оставија коментари на фотките беа и Донатела Версаче, Наоми Кемпбел, Рита Вилсон и Парис Хилтон. Тие се согласија дека фустанот им стои одлично на двете дами и дека навистина станува збор за безвременско парче облека.
Црниот фустан со ремени и златни детали прва го носеше Кристи Тарлингтон на модна ревија во Милано во 1992 година. По неа, верзии од овој фустан носеа и ќерката на Синди, Каја Гербер и Ким Кардашијан.