Беквалац и Рибља Чорба викендов во Скопје: Први концерти по долгата пандемија

Беквалац и Рибља Чорба викендов во Скопје: Први концерти по долгата пандемија

пред 3 години

По пауза од скоро девет месеци, викендов на платото пред А1 арената во Скопје ќе се одржат два концерта. На 26 јуни (сабота) ќе пее Наташа Беквалац, а во недела, на 27 јуни, концерт ќе одржи рок-бендот „Рибља чорба“. Ова се први големи концерти на отворено по долгата пандемија.

Билетите за двата концерта се во продажба во ограничен број поради мерките за корона. Концертите ќе се одржат согласно препораките на Министерството за здравство и комисијата за заразни болести за организација на јавни настани и концерти на отворено.

Со настапите на Беквалац и Чорба почнува концертната сезона, во која организаторите најавуваат многу настапи на домашни и регионални изведувачи. Концертот на Беквалац е во организација на „Балкан медија“, а „Авалон продукција“ е организатор на концертот на „Рибља чорба“.

Share
Scroll to Top