Бен Афлек и Ана Де Армас се пред раскинување

Бен Афлек и Ана Де Армас се пред раскинување

пред 3 години

Глумецот Бен Афлек и неговата помлада колешка Ана Де Армас се пред раскинување, пишуваат светските таблоиди. Двајцата веќе подолго време живеат одвоено, поради што и често се расправаат, пишува магазинот Globe.

Додека беа заедно во карантин, работите се одвивале глатко и сјајно. Но, кога мерките почнаа да попуштаат, Бен замина во Ирска каде снима нов филм со својот најдобар пријател, Мет Дејмон.

Неколку месеци снимање и физичката одвоеност, оставија последици по нивниот однос. Двајцата не можат да прекинат да се расправаат по телефон, открива извор близок до Бен Афлек.

Оскаровецот во едно од своите интервјуа призна и дека разводот со глумицата Џенифер Гарнер, му била нјаголема грешка во животот, но пред неколку месеци 48 годишниот глумец ја почна врската со младата кубанска глумица Ана Де Армас.

Освен што се плаши дека Бен, додека е во Ирска, може да ја изневери со друга жена, на Ана и е страв дека глумецот може повторно да поне да пие. Тој веќе еднаш претходно имаше проблеми со алкохолот, што го чинеше и растурање на бракот со Џенифер Гарнер.

Ивзор близок до неа пак, открива дека на глумицата и е досадно да биде сама во нивната куќа во Лос Анџелес, каде главна занимација и е чистењето и шетањето на кучињата.

Share
Scroll to Top