Берлин го затвора ноќниот живот за првпат во последниве 70 години

Берлин го затвора ноќниот живот за првпат во последниве 70 години

пред 3 години

Берлин целосно го затвора ноќениот живот за првпат во последните 70 години. Градот се обидува да се справи со ширењето на коронавирусо.  Од почетокот на овој месец, Берлин бележи поголема бројка нови случаи на зараза отколку на врвот на првиот бран на крајот на март.

Од сабота, баровите, рестораните и продавниците за алкохол ќе мора да бидат затворени од 23 до шест часот, а забранети ќе бидат и приватните собири со повеќе од десет луѓе, како и јавните собири со повеќе од пет луѓе од две различни семејства.  Здравствените власти сметаат дека приватните забави и семејните собири имаат најголем удел во последното ширење на коронавирусот.

Во изминатите седум дена, стапката на заразата е 44 нови случаи на 100.000 жители, а во деловите од градот познати по ноќниот живот е уште повисока, 50 на 100.000.

Сопствениците на некои локали сметаат дека затворањето, прво од 1949 година, ќе биде контрапродуктивно, бидејќи луѓето ќе прават забави во домашни услови, каде што уште потешко се контролираат.

Share
Scroll to Top