post-image

Беспрекорниот план на Меланија Трамп: Додека предбрачниот договор не нѐ раздели

пред 4 години

Најголемата сила на бившата прва дама на Америка, Меланија Трамп е нејзината способност да покаже смиреност, нешто со што нејзиниот сопруг многу се мачи.

„Меланија ги брои минутите до моментот кога ќе излезе од Белата куќа и ќе се разведе од Доналд“, рече неодамна Мароса Њуман, бивша блиска соработничка на Меланија.

Многумина сметаат дека Меланија конечно дојде до својата слобода, а таа одлука ја одложувала бидејќи знаела дека ако го засрами и побара развод додека е претседалел, Доналд би нашол причина да ја казни.


Доналд Трамп својата врска со Меланија Краус ја круиниса со брак на 5 јануари 2005 година. Се запознале на забава во 1988 година. Добропознато е дека тогаш Трамп беше препознатлив како успешен претприемач, тоа е периодот кога јавноста имаше прилика да ги гледа неговите реални шоуа „Тhe Apprentice“.

Иако условите од нивниот предбрачен договор никогаш не беа објавени, Трамп бил исклучително задоволен кога Меланија одлучила да се согласи на договор.

„Убаво од неа што го потпиша предбрачниот договор. Свесна е дека тоа мора да постои.“, рекол тогаш Трамп.

До точни детали од нивниот предбрачен договор невозможно е да се дојде, но адвокатот Питер Стамблек за магазинот „Town and Country“ вели дека во случај на развод меѓу Меланија и Доналд сѐ е „многу јасно“.

„Сѐ што е негово ќе остане негово, додека она што се води на неа е нејзино“, рекол Стамблек.

Новинарката на „Вашингтон пост“, Мери Џордан во нејзината книга тврди дека главен мотив на Меланија при потпишувањето на предбрачниот договор бил да го осигура својот син Барон и дека во договорот нагласила тој да се третира рамноправно со другите деца на Трамп.

Што се однесува до нивниот развод, адвокатката Џекелин Њуман верува дека Меланија во случај на развод ќе стане старател на нивниот 14-годишен син и така би добила дополнителна финансиска инјекција.

Првата сопруга на Трамп добила 10 милиони долари по разводот и 650.000 долари на сметка на децата, а го присвоила и станот во Њујорк и вилата во Конектикат. Неговата втора сопруга добила само два милиони долари, а на Меланија ѝ се насмевнува значително повисока сума.

„Трамп сигурно ќе биде многу великодушен бидејќи знае на што е навикната Меланија. Да има 50 милиони долари кои би ѝ дале сигурност, но таа е навикната на многу повеќе“, тврди Џордан и додава дека Меланија во случај на развод ќе го задржи целиот скапоцен накит што го добила за време на бракот.

 

Share
Scroll to Top