Беше грациозна, посветена, елегантна, позитивен симбол на Британија: Светските ѕвезди се простуваат од кралицата

Беше грациозна, посветена, елегантна, позитивен симбол на Британија: Светските ѕвезди се простуваат од кралицата

пред 2 години

Кралицата Елизабета Втора почина во четвртокот во дворецот Балмор. Имаше 96 години и беше најдолг владејачки британски монарх. За време на нејзиното владеење се случија значајни промени во Британија и светот.

Остави неизбришан траг, а тоа го покажуваат и бројните пораки на светските ѕвезди. Викторија Бекам, Мик Џегер, Ози Озборн и многу други се простија преку социјалните мрежи.

„Низ целиот живот, Нејзиното Величенство, кралицата Елизабета Втора, секогаш беше тука за нас. Се сеќавам дека кога бев дете ги гледав на телевизија најважните настани од нејзината венчавка. Се сеќавам на неа кога беше прекрасна млада дама, па сè до моментот кога стана сакана баба на нацијата. Моето најдлабоко сочувство до кралското семејство“, напиша фронтменот на бендот „Ролинг Стоунс“, Мик Џегер.

Од кралицата се прости и некогашниот фронтмен на бендот Black Sabbath Ози Озборн.

„Жалам со целата моја земја поради смртта на нашата најголема кралица. Со тешко срце можам да кажам дека помислата на Англија без кралицата Елизабета Втора е поразителна“, рече Озборн.

И писателката Ј.К. Роулинг (57) ѝ оддаде почит на покојната кралица Елизабета Втора.

Шер (76) се збогуваше со кралицата Елизабета ѝ се присети на состанокот со неа.

„Тажна сум поради смртта на кралицата. Имав чест да ја запознаам. Бев дел од долгата редица на луѓе кои чекаа да ја сретнат, но стигнав до неа и ми поставуваше прашања. Се чинеше дека е искрено заинтересирана да разговара со мене. Горда сум ѝ среќна што беше Бик во хороскоп, а имаше одлична смисла за хумор“, реше Шер.

Британскиот водител Пирс Морган (57) се прости од кралицата во телевизискиот пренос додека известуваше за неа.

„Кога нејзиното величество Кралицата почина попладнево во Балморал, почина и мал дел од сите нас“, рече тој за време на шоуто.

“When Her Majesty the Queen died this afternoon in Balmoral, a little piece of us all died with her. ”

Piers Morgan reports on the sad news of the passing of our monarch this afternoon.@piersmorgan | @TalkTV pic.twitter.com/h8OQGKHeM6

— Piers Morgan Uncensored (@PiersUncensored) September 8, 2022

Крис Џенер (66) сподели серија фотографии од кралицата на „Инстаграм“. Колажот фотографии беа моменти од целото нејзино владеење.

„Почивај во мир Величество Елизабета Втора. Грациозна, посветена, елегантна, незаборавна. Денес и секогаш ќе ја паметиме како една од најголемите лидери што ги видел нашиот свет. Испраќање љубов и сочувство до кралското семејство“, рече Џенер.

Share
Scroll to Top