„Беше исцрпувачки, како да трчав маратон“, Меган Маркл искрено за мајчинството

„Беше исцрпувачки, како да трчав маратон“, Меган Маркл искрено за мајчинството

пред 3 години

Актерката Меган Маркл за подкастот Teenage Therapy проговори за нејзиниот тежок период по раѓањето на синот Арчи. Таа вели дека ѝ било исцрпувачко, особено делот со доењето.

Војвотката проговори и за менталното здравје и проблемите со кои се соочувала во периодот кога Арчи бил бебе. Само четири месеци по пораѓањето, Хари и Меган ја започнаа првата турнеја во Јужна Африка. Меган вели дека ѝ било тешко да ја балансира грижата за бебето и извршувањето на должностите. Доењето го спореди како со трчање маратон.

„Многумина не знаат, но меѓу секое службено појавување, трчав назад во куќата за да се погрижам мојот син да биде нахранет. Беше многу исцрпувачки, а последниот ден од патувањето, се чувствував ужасно уморно. Тоа бев јас, уморна мама на пат со бебе од четири месеци“, вели Меган.

Нејзините изјави ги потврди и Хари кој исто така беше со неа. Додека беше во кралското семејство, Меган непрекинато беше на удар на критики од јавноста и разни медиуми. Критиките продолжија и во периодот кога таа остана бремена. Меган призна дека и било многу тешко да го согласи животот на кралските должности и истовремено да биде мајка.

 

Share
Scroll to Top