По веста дека пејачката Бритни Спирс (41) повторно се дрогира, членовите на нејзиното семејство рекоа дека се загрижени, за нејзиното здравје. Таткото ѝ Џејми, рече дека е загрижен и стравува дека Бритни ќе заврши како пејачката Ејми Вајнхаус, која трагично почина на 27 години.
Нејзиниот поранешен сопруг, Кевин Федерлајн рече дека ситуацијата со Бритни е страшна за него.
„Се плашам дека е на метамфетамин. Се молев некој да објави и да се разбуди. Тоа е страшно. Таа е мајка на моите деца“, рече Кевин и додаде дека не сака неговите деца да растат така.
„Не сакам момчињата да се разбудат едно утро и да откријат дека нивната мајка се предозирала“, рече тој.
Нејзините синови, Престон (17) и Џејден (16), наводно одбиваат да се сретнат со неа, тврдејќи дека виделе како се носи дрога во нејзиниот дом и наводно не сакаат да контактираат со неа додека таа не побара лекарска помош, пренесе Page Six.
Таткото на Бритни, Џејми, изјави дека е загрижен и стравува дека ќе заврши како пејачката Ејми Вајнхаус, која почина на трагично млада на 27 години.
По веста дека повторно се дрогира, се јави и Бритни која рече дека ништо од тоа не е вистина.
„Фактот што луѓето тврдат работи кои не се вистинити е тажно. Нема смисла тоа што го зборуваат. За Престон кој рече дека требало да ги сослушам пред да биде предоцна, сакам само да го потсетам за времето на секоја посета кога доаѓаше кај мене дома. Кога влегуваше во неовата соба и ја заклучуваше вратата. Никогаш не сум ве видела дечки. Џејден свиреше пијано. Заедно ќе отсвиревме некоја песна. Но, оној ден кога ви реков дека сакам повеќе да ве гледам, оттогаш ве немав видено. Тоа ме прави тажна, затоа што толку се турудев да ги направам работите убави за тебе, а тоа никогаш не беше доволно добро. Вие почнавте да ми зборувате зад грб. Тоа ми го скрши срцето. По невистините кои се ширеа во медиумите, секогаш се чувствував како срцето да ми е скршено. Тажно е што сите се прават како да е во ред да се измислуваат лаги за мене“, рече Бритни.
За потсетување, Бритни и нејзиниот поранешен сопруг Кевин се разделија во март 2007 година, а минатата година пејачката се омажи за американско-иранскиот модел Сем Ашгари (29), но никој од нејзиното семејство не се појави на свадбата.