Биле заљубени до уши и одвај чекале да дојдат на работа за да се видат: Кијану Ривс и Сандра Булок

Биле заљубени до уши и одвај чекале да дојдат на работа за да се видат: Кијану Ривс и Сандра Булок

пред 1 година

Заљубувањето на сет е многу често во Холивуд но  во случајот на Кијану Ривс и Сандра Булок кои заедно снимиле два филма никогаш не била премината границата. Тоа што малкумина го знаат е дека тие сепак биле заљубени до уши еден во друг.

Сандра Булок денес е една од најголемите холивудски актерки, но во далечната 1994 година кога со Ривс го снимала филмот „Брзина“ била само една млада, амбициозна актерка. И додека работела на улогата за која ќе се докаже дека ја лансирала во висината на нејзината кариера, имала само една пречка – заљубеност во нејзиниот колега.

Таа пред неколку години во гостувањето во емисијата на Елен Деџенерис ги гледала видеата од филмот и се присетила на снимањето, но не одолеала и да прокоментира:

„Размислувам за тоа колку Кијану Ривс беше прекрасен и многу згоден“.

Таа продолжила да зборува за актерот и признала дека била многу заљубена во него, но и додала дека сепак никогаш не биле во врска.

„Претпоставувам дека нешто кај мене не му се допаднало“, изјавила Сандра и додала: „Веројатно сме толку многу долго пријатели затоа што никогаш не сме биле во врска“.

Неколку месеци подоцна Кијану гостувал кај популарната комичарка и водителка и очекувано, се наметнала темата за заљубеноста на Сандра во него. Кога Елен го спомнала тоа, тој признал:

„Таа очигледно не знаеше дека и јас бев заљубен во неа“.

Во публиката настанало големо воодушевување, а на прашањето зошто никогаш не презел ништо во врска со тоа, актерот одговорил:

„Бевме на работа. Беше прекрасно да се оди на работа“, истакнал Кијану и додал дека Сандра е толку прекрасна личност и актерка.

Share
Scroll to Top