Били Ајдол по седум години снима нови песни и најави албум

Били Ајдол по седум години снима нови песни и најави албум

пред 4 години

Англискиот рок-музичар Били Ајдол, по седум години сними неколку нови песни. Тој најави дека на 17 септември ќе го промовира миниалбумот The Roadside, кој ќе има само четири песни. Првата од нив е Bitter Taste.

Песната што Ајдол ја промовира е автобиографска, а се навраќа на тешката мотоциклистичка несреќа на пејачот од 1990 година, по која тој не можел да оди речиси 12 месеци. На песната свири и неговиот долгогодишен гитарист Стив Стивенс.

„Мислам дека сите малку се осврнавме на минатото за време на пандемијата. Таа несреќа ми беше повик за будење, по која го оставив непослушниот младешки Били зад себе и станав попосветен татко и почувствителен музичар“, изјави 65-годишниот Ајдол.

Популарниот музичар призна дека животот уште повеќе му се променил откако лани стана дедо. Тој ја доби внуката Попи Ребел, од неговата ќерка Бони Броуд.

„Откако се роди Попи, станав уште поемотивен. Сè е ново искуство за неа и на некој начин, и самиот повторно ги проживувам тие искуства“, вели Ајдол.

Share
Scroll to Top