Бил Гејтс: Жените треба да управуваат со парите, така ќе бидеме сигурни дека ќе завршат на вистинското место

Бил Гејтс: Жените треба да управуваат со парите, така ќе бидеме сигурни дека ќе завршат на вистинското место

пред 4 години

Милијардерот Бил Гејтс вели дека сме далеку од универзална финансиска инклузија и дека жените треба да управуваат со парите, затоа што само во тој случај, парите ќе завршат на вистинското место.

Бил Гејтс на видео конференција објаснил дека само 35% од земјите со ниски приходи, имаат пристап до банкарските сметки. Тој смета дека жените се од витално значење во давањето на безбедноста на финансиите и слевањето на истите тие во другите делови од општеството.

За сингапурскиот Fin Tech Festival, Бил Гејтс објаснил дека владите и претпријатијата кои сериозно сакаат да им овозможат на сите свои членови во општеството пристап до финансиските услуги, потребно е да ги насочат сите свои ресурси кон жените.

Гејтс напоменал дека жените обично се одговорни за финансиите во своите семејства.

„Ако парите се контролираат од страна на жените, сигурни бидете дека истите веројатно ќе бидат искористени за исхрана и образвоание и работи кои семејството ќе го извлечат од сиромаштија“, изјавил основачот на „Мајкрософт“, на виртуелна конференција.

Гејтс се залага за подобрување на инклузивноста на глобално ниво. Финансиската инклузивност, која се однесува на овозможување на пристап на поголем број на луѓе до финанси услуги, останува клучен предизвик за заедниците ширум светот.

Само 35% од луѓето во земјите со ниски приходи, имаат пристап до банкарски сметки. За споредба, 58% до 73% од граѓаните имаат пристап до ваквите услуги во земјите со низок и среден приход. Додека за земјите со високи приходи, бројката на проценти достигнува и до 94%.

Ова го покажуваат податоците од Светскиот економски форум. Жените во таа смисла се прилично изолирани, смета Гејтс.

Пандемијата со коронавирусот, само го истакнала тој недостаток, додека владите во земјите се бореле да овозможат финансиска помош на најзагрозените.

„Знаете, важно е да се запамети колку сме далеку од универзалната финансиска инклузија“, изјавил американскиот милијардер.

Преку своите непрофитни организации, „Бил и Мелинда Гејтс“ фондацијата, Гејтс и неговата сопруга веќе неколку години соработуваат со владите и централните банки, за да ја подобрат финансиската инклузија во земјите во развој.

Тоа е особено вклучува воведување на дигитални решенија, за кои Гејтс изјавил дека можат да помогнат на посиромашните земји, да ги стигнат, а можеби и престигнат напредните земји, со постоечки наследни системи.

 

Share
Scroll to Top