„Поминаа многу години, а јас сè уште чекам да слушнам нешто од тебе. И ако некогаш го добиеш моето писмо, сети се на мене и види ги моите солзи на хартијата. Ако сакаш друга жена додека го читаш моето писмо, искини го и прашај ја дали верува дека една битолчанка Елени Каринте цел живот го потрошила чекајќи маж со кој поминала само еден ден“ -вака некако изгледало писмото на битолчанката Елени, кое му напишала на Кемал Ататурк, основачот и прв претседател на Република Турција кој остави наголм белег во турската историја.
“Ако ја сакаш таа жена колку што те сакам јас тебе, не ѝ кажувај ништо, посакувам да биде среќен како што си ти. Но, ако се сеќаваш на девојката на балконот и не сакаш друга жена, сакам да знаеш дека те чекам и ќе чекам до крајот на мојот живот. Знам дека нема да ме заборавиш и ќе се вратиш…“ , пипувало во писмото.
Приказната за неостварената љубов меѓу Мустафа Кемал Ататурк и убавата битолчанка Елени Каринте, се случила некаде кон крајот на 19. век. Оваа неостврена љубов и денес привлекува внимание, а собата на Елени и денес е неизбежна туристичка атракција во Битола.
Според приказната, која се раскажува низ сите Ататурк ја здогледал Елени на балконот додека шетал низ Широк сокак. Многумина велат дека е само легенда, а други веруваат дека е вистина.
Туристите од Турција патуваат илјадници километри за да ја посетат спомен – собата на Ататурк во битолскиот музеј, да се фотографираат под балконот на Каринте за да го прочитаат писмото што таа му го напишала на Ататурк.
Мустафа Кемал Ататурк е име кое предизвикува големо восхитување и почит во Турција и ширум светот. Основач и прв претседател на Република Турција, тој бил харизматичен лидер кој остави неизбришлива трага во турската историја.
Бил роден во 1881-ва година во Селаник, денешен Солун. Неговиот татко бил помал функционер во османлиската влада, а Ататурк бил израснат во домаќинство од средна класа.
Посетувал воено училиште во Истанбул и дипломирал во 1905-та година. Ататурк бил офицер во Отоманската армија и се борел во Првата светска војна. По војната, тој се вклучил во политиката и бил клучна фигура во Турската војна за независност, која се водела од 1919-та до 1923-та година.
Денес се слави заради неговите напори да ја модернизира Турција и да воведе секуларизам, демократија и нов начин на живот кај луѓето во неговата земја.
Го подобрил образованието во Турција
Ататурк го направил основното образование бесплатно и задолжително, отворајќи илјадници нови училишта низ целата земја. Тој, исто така, ја вовел турската азбука заснована на латиница, заменувајќи ја старата отоманска турска азбука, а жените добиле еднакви граѓански и политички права.
Сабиха Ѓокчен – аеродромот во Истанбул кој го добил името по посвоената ќерка на Ататурк
Сабиха Ѓокчен била првата жена во нејзината земја која добила пилотска дозвола и се верува дека е првата жена борбен пилот во светот.
Ѓокчен е родена на 22-ри март 1913 година во Бурса. Нејзиниот живот се вкрстил со Ататурк во 1925-та година, кога наполнила 12 години.
Таа го сретнала во нејзиниот град и му пришла за да побара помош за продолжување на образованието. Ѓокчен станала едно од неколкуте деца посвоени од Ататурк, вклучително и две други тинејџерки, Зехра и Рукије.
Меѓу другите биле ќерките Афет, Фикрије, Улку, Небиле и едно момче по име Мустафа.
Ататурк сакал да чита книги, да танцува и да пие турска ракија
Во текот на поголемиот дел од својот живот, Ататурк консумирал половина литар турска ракија дневно.
Сакал да чита историски книги, да слуша музика, да танцува, да јава коњи, да плива.
Покрај тоа уживал да игра табла и билијард со пријателите, а имал и одлични боречки вештини.
Починал во у палата Долмабахче во Истанбул
Палатата Долмабахче била изградена во името на отоманскиот султан Абдулмеџид во 1843-та година и тој станал дом на шесте последни отомански султани, како и нивни официјални резиденции.
Ататурк ја користел оваа палата како викендица за време на неговиот престој во Истанбул помеѓу 1927-ма и 1938-ма година.
Тој починал во оваа палата на 10-ти ноември 1938 – ма година.
23-ти април се слави како Ден на детето повеќе од 90 години
Во 1929-та година, Мустафа Кемал Ататурк го посвети 23-ти април како ден на децата ширум светот. Секоја година на овој ден во Турција се оддржува детски фестивал каде што деца од различни земји (вклучително и Македонија) преку традиционални танци ја прикажуваат својата култура.