Бијонсе и Џеј Зи ја купија најскапата куќа во Калифорнија

Бијонсе и Џеј Зи ја купија најскапата куќа во Калифорнија

пред 11 месеци






Американската ар-ен-би пејачка Бијонсе и раперот Џеј Зи беа на луксузна вечера во елитниот „Бар кај Хари“ во центарот на Лондон откако го купија најскапиот имот во Калифорнија.

Пејачката е во посета на Велика Британија во рамките на нејзината светска турнеја „Renaissance“. Според „Пејџ сикс“ (Page Six). Според наводите, двојката, меѓу другото, го прославувала и неодамнешно купување на палатата во Малибу, САД, вредна 200 милиони долари – најскапиот имот некогаш продаден во Калифорнија.

Ова е вториот најскап купен имот во САД. Поскап е само претходно продаден стан во Њујорк – 238 милиони долари. Куќата е дизајнирана од јапонскиот архитект Тадао Андо, кој исто така работеше и на имотот на Кање Вест од 57 милиони долари. Таа беше понудена на аукција од колекционерот на уметнички дела Вилијам Бел, кој потрошил 15 години градејќи ја палатата. Тој првично побарал 295 милиони долари, но сепак направи отстапка.

Бијонсе и Џеј Зи веќе имаат палата во Бел Ер – имот што го купија пред шест години за 88 милиони долари. Куќата сега се проценува на 100 милиони долари. Инаку, славните музичари се венчаа 2008 година, а ги имаат 11-годишна ќерка Блу Ајви и петгодишните близнаци Сер и Руми.






Share
Scroll to Top