„Би-би-си“ го избра Хамилтон за спортист на годината

„Би-би-си“ го избра Хамилтон за спортист на годината

пред 4 години

„Би-би-си“ го избра седумкратниот светски шампион, Луис Хамилтон, за спортист за 2020 година. Оваа година Хамилтон се израмни со Михаел Шумахер по бројот на титули и го престигна по победи во Формула 1.

На гласањето на „Би-би-си“, возачот на „Мерцедес“ ги победи капитенот на Ливерпул, Џордан Хендерсон, џокејарот Холи Дојл, боксерот Тајсон Фјури, членот на тимот во крикет во Англија, Стјуарт Брод и снукерот Рони О’Саливан.

Хамилтон ја освои оваа награда вторпат. Тој претходно беше Човек на годината во спортот во 2014 година.

Хамилтон оваа година беше прогласен за Лице на годината 2020 од страна на Светската автомобилистичка федерација (ФИА).

Share
Scroll to Top