Блејк Лајвли и Рајан Рејнолдс го добија четвртото дете: куќата ни е сега како зоолошка

Блејк Лајвли и Рајан Рејнолдс го добија четвртото дете: куќата ни е сега како зоолошка

пред 2 години

Глумеците Рајан Рејнолдс и Блејк Лајвли станаа родители по четврти пат. Двајцата не го објавија полот, но рекоа дека куќата сега им изгледа како зоолошка.

„Многу сме возбудени. Немаше да минеме низ ова по четврти пат, ако не уживавме. Сите одлично се снајдовме во новите улоги. Мислам дека ќе бевме во големи проблеми ако до сега не свативме како одат овие работи“, рече Рајан и призна дека куќата сега му изгледа како зоолошка.

„Само сакам да го поминам остатокот од животот тука“, додаде тој.

Блејк во неделата објави фотографија со мајка ѝ Тами и Рајан. Пријателите забележаа дека во меѓувреме се породила затоа што го немаше трудничкиот стомак.

„Puppy Bowl Sunday 2023. Бев зафатена“, рече тогаш Блејк.

За потсетување, двојката се венчаше во 2012 година, а веќе ги имаат Џејмс, Инез и Бети.

Share
Scroll to Top