Близнаците мултимилијардери кои стојат зад вакцината „Фајзер“, сега сакаат да го пронајдат лекот против рак

Близнаците мултимилијардери кои стојат зад вакцината „Фајзер“, сега сакаат да го пронајдат лекот против рак

пред 3 години

Близнаците Томас и Андреас Штригман, се мултимилијардери кои сега влегуваат во бизнисот на биотехнологијата. Тие први им поверуваа на брачната двојка Угур Сахин и Озлем Туречи од Турција, за „Бајонтек-Фајзер“ вакцината.

Следната цел им е да најдат лек кој ќе го победи туморот. Тие имаат германска компанија, лабораторија, за леукемија во Минхен „МЛЛ“. Директорот на компанијата, Томас Хаферлах, вели дека им претстои скок во технологијата, сличен на оној скок како со телефоните со бројчаник, кои сега се заменети со паметните телефони.

Секоја година во Германија од леукемија заболуваат околу 14.000 луѓе. Успехот на терапијата во голема мера зависи од времето и точноста на дијагнозата. Тоа е област со која се занимаваат научниците во лабораторијата за леукемија во Минхен (МLL).

Отприлика 200 вработени ги анализираат примероците на околу 60 проценти на сите пациенти заболени од леукемија чија бројка е поголема од 80.000 на годишно ниво.

Според добро упатени извори, браќата Штрингам во германската биотехнолошка фирма, пред пандемијата вложиле најмалку половина милијарди. Се зборува дека тие имаат малцински удел во оваа лабораторија.

Во интервјуто кое го дале пред дванаест години, близнаците, кои имаат половина од акциите на „Бајонтек“, чија вредност сега се проценува на 24 милијарди долари изјавиле: „Врвно достигнување би било да се равие лек против рак, кој не само што го продолжува животот, туку и го победува туморт. Тоа би претставувало цреша на тортата“.

 


Ќе ви се допадне

Share
Scroll to Top