Божиќни снежни топчиња - Reporter.mk

Божиќни снежни топчиња – Reporter.mk

пред 3 години

Неодоливо меку топки со слатко изненадување од внатре.

Состојки:

200 грама стопена свинска маст

100 грама кисело млеко

1 лажичка прашок за пециво

1 лажичка шеќер во прав

1 ванилин шеќер

1 лажичка рендана кора лимон

брашно по потреба

Кутија локум

Шеќер во прав

Подготовка:

Брашното истурете го во сад, додајте маст, шеќер во прав, ванила и корите од лимон. Во киселото млеко помешајте го прашакот за пециво, оставете малку да порасне и додајте го брашното. Замесете средно меко тесто, колку да не се лепи. Локумот исечете го на парчиња.

Искинете и направете топчиња од тестото со големина на орев. Сплескајте ги и ставете внатре паричња од локумот.

Повторно обликувајте ги во топчиња и наредете ги во тава на фолија за печење. Испечете ги во рерна загреана на 180 степени. Печете ги 15 минути додека не добијат златна боја. На крајот посипете шеќер во право врз испечените топчиња.

 

 

 

 

 

Share
Scroll to Top