Бомболони: Италијански крофни со фил

Бомболони: Италијански крофни со фил

пред 3 години

Италијански бомболони, или крофни полни со  мармалад, чоколадо или ф’стаци одлични за појадок, со капучино.

Состојки:

  • 280 гр остро брашно
  • 280 гр мазно брашно
  • 3 големи јајца
  • 90 гр путер
  • 100 гр шеќер + за посипување
  • 120 мл топла вода
  • 1 лажичка екстракт од ванила
  • 7 гр квасец
  • 1 прстофат сол
  • масло за пржење
  • Слаткарски крем, џем или чоколадо за полнење

Подготовка:

Брашното, шеќерот и квасецот се ставаат во сад и се мешаат. Се редат коцки путер врз брашното и се додаваат јајца и млако млеко, ванила и сол.

Се прицврстува куката од миксерот за тестото, а потоа се мати со мала брзина 10 минути. По 10 минути, тестото треба да стане мазно, еластично и малку лепливо. Се преместува на чиста работна површина, се премесува два до три пати и се обликуваат во топки.

Тестото се става во подмачкана тава и се покрива со проѕирна фолија. Се остава да стои 2-3 часа или додека тројно не се зголеми. Кога тестото ќе се крене, се префрла на чиста површина исфрлајќи го воздухот од него, а потоа се премесува во топче неколку пати. Се израмнива со рацете, а потоа се развлекува во правоаголник со дебелина од 1,5 см.

Со секач за колачиња или чаша се сечат кружни крофни со големина од околу 9 см. Остатокот од тестото може да се исече во форми за пржење или повторно да се разамесат и повторно да се расука за да се формираат повеќе крофни.

Обликуваното тесто се става на плех обложен со хартија за печење и лабаво се покрива со проѕирна фолија. После пак се остава да отстои час до час и половина или додека не се зголеми тројно.

Се загрева маслото во длабока тава или тенџере до 170 степени. Хартијата за печење се сече на квадрати, така што секоја крофна е на своја хартија.

Внимателно се потопуваат крофните во маслото и веднаш се вади хартијата. Се пржат во неколку тури, без преполнување на тенџерето по 2 минути од секоја страна.

Извадените крофни се цедат на кујнска хартија околу 2 минути, па се валкаат во шеќер. Крофните се остават да се оладат пред да ги наполнат со крем или џем.

Крофните се селат со мал нож и се полнат со слаткарски крем или фил со вреќа или шприц. Се служат веднаш или се чуваат во пластични контејнери 1-2 дена.

Share
Scroll to Top