Борис Џонсон и сопругата на меден месец во Словенија

Борис Џонсон и сопругата на меден месец во Словенија

пред 2 години

Британскиот премиер Борис Џонсон и неговата сопруга Кери Сајмондс заминаа на меден месец во Словенија.

dobivaj vesti na viber

Од неговиот кабинет не сакаа да потврдат каде Џонсон  заминал на одмор, но британските медиуми открија дека се работи за одмор во Словенија.

Словенечките медиуми објавија дека тие престојувале во Језерски. За потсетување, двајцата се венчаа во мај на мала церемонија, а неодамна тие направија и мала веселба. Тие го имаат едногодишен син Вилферд.

Многу Британци го критикуваа Џонсон дека одлучил да оди на одмор додека Британија се соочува со економска рецесија. Потсетуваме, на почетокот на јули беше објавено дека Џонсон одлучил да поднесе оставка од премиерската функција. Тој на оваа функција ќе биде до есен, односно додека не се избере неговиот наследник.

Share
Scroll to Top