Борко Ристовски стана татко, ќерката доби име Анастасија

Борко Ристовски стана татко, ќерката доби име Анастасија

пред 2 години





Голманот Борко Ристовски вторпат стана татко и доби ќерка која ќе се вика Анастасија. Борко не крие дека е среќен што му се родила ќерката, па за „Репортер“ кажа дека сè поминало во најдобар ред на породувањето, а дека неговата сопруга Нина и бебето се добри.

„Ќерката требаше да има друго име, Ирис, но бидејќи се роди на празникот Св. Атанас, решивме да се вика Анастасија. Нина се породи пред малку, и се чувствува одлично. Анастасија има 4230 грама и 53 сантими“, рече Борко за „Репортер“.

 





Share
Scroll to Top