Бразилец потрошил повеќе од 70.000 евра за да личи на куклата Кен

Бразилец потрошил повеќе од 70.000 евра за да личи на куклата Кен

пред 1 година

Бразилецот Жуниор Бевилаква потрошил повеќе од 70.000 евра на операции за промена на својот изглед.

Ако го отворите неговиот Инстаграм профил, ќе помислите дека се работи за кукла, бидејќи  навистина личи на Кен и по изглед и по начинот на кој се облекува, но тој е вистинска личност.

Жуниор не сака да открие колку години има. Многумина, како што вели, го нарекувале Кен, иако тој немал намера да изгледа така.

“Никогаш не ми беше намерата да личам на Кен. Само имав стил многу близок до него. Имав иста боја на коса, светли очи и модерна облека, па луѓето автоматски велеа дека личам на него, дури и пред операциите. Сите операции што ги имав беа за да го подобрам мојот изглед”, изјави тој за Дејли Стар.

На Инстаграм, во описот на неговиот профил дури пишува „официјален Бразилец Кен“. Тој  вели дека, му приоѓаат многу луѓе кои сакаат да се фотографираат со него, а тој сега е задоволен од својот изглед.

Share
Scroll to Top