Брат и сестра докторираа во ист ден на Медицински факултет во Босна

Брат и сестра докторираа во ист ден на Медицински факултет во Босна

пред 10 месеци

Мехо и Алма Захировиќ од Босна, докторираа во ист ден на Медицинскиот факултет. За само еден час пред комисијата на Универзитетот во Сараево ја добија титулата доктор по медицина.

Оваа убава приказна е придружена со желбата на Захировиќ да остане и да работи во градот и така да придонесе за нивната локална заедница. Мехо е роден во 1996 година, а Алма две години подоцна.

„Прво сакаме да им честитаме на родителите Енес и Самира, а потоа и на сите останати од семејството и пријателите. Секако, честитки и за младите лекари“, напишаа од медиумот „Травнички инфо“, кој ја пренесе информацијата.

Share
Scroll to Top