Брачен пар од Њу Џерси во оброк со школки пронашле бисер вреден илјадници долари

Брачен пар од Њу Џерси во оброк со школки пронашле бисер вреден илјадници долари

пред 1 година

Брачен пар од Њу Џерси доживеал неочекувано изненадување во оброкот со школки додека вечерале во еден од нивните омилени ресторани.

Марија и Мајкл Спреслер решиле да го посетат својот омилен ресторан „Lobster House“, кој редовно го посетуваат од 1987 година за да уживаат во вкусна морска храна, но не ни помислувале дека при таа посета ќе најдат бисер во една од школките, кој бил во вредност од над 10.000 долари.

„Кога ја кренав последната лушпа на вилушката, изгледаше некако тешка, но не се посомневав во ништо. Кога почнав да јадам, забележав нешто чудно во устата“, изјавил Спреслер за KIV-TV.

Господинот Спреслер првично мислел дека скршил заб, но набрзо сфатил дека се работи за бисер од 8,8 милиметри. Двојката сè уште не го проценила бисерот, но може да вреди илјадници долари. Иако, не планираат да го продадат, туку да го постават во парче накит.

„Тој јадеше десетици и десетици школки и никогаш не сме нашле нешто слично, така што ова беше прилично возбудливо“, рекла г-ѓа Спреслер, која објаснила дека тоа се случило на нивната 34-годишнина откако првпат го посетиле ресторанот.

„Работам овде околу 10 години и никогаш не сум слушнала некој да најде бисер во некоја од нашите остриги или школки“, рекла Сара Стадничар, која работела во ресторанот.

 

Share
Scroll to Top