Бредли Купер бил нападнат со нож кога ја земaл ќерка му од школо

Бредли Купер бил нападнат со нож кога ја земaл ќерка му од школо

пред 3 години

Глумецот Бредли Купер откри дека пред 2 години бил нападнат со нож кога тргнал да ја земе ќерка му од школо. Toj во подкастот на Декс Шепард, Armchair Expert, рече дека во октромври 2019 година бил нападнат во подземната железница во Њујорк.

„Во мене беше вперен нож. Беше прилично сулудо. Сватив дека премногу се опуштив во градот. мојот град беше опуштен“, рече глуецот.

Иако на почетокот мислел дека лицето сакало да се слика со него, тој брзо сватил дека средбата не била пријателска и дека човекот покрај него немал добри намери.

„Се свртев и кога погледнав надолу, видов нож. Го кренав погледот и го видов лицето пред мене. Се изненадив кога видов колку е млад“, рече Купер.

Глумецот рече дека во тој момент имал слушалки на него и дека не можел да го слушне што му зборува. Тој објасни како со лакт успеал за момент да го собори, но и дека му побегнал. Купер рече дека успеал во тој момент да направи и неколку фотографии кои им ги покажал на полицијата.

„Додека зборував со полицијата, тие постојано ме прашуваа дали сум прободен“, рече Купер објаснувајќи дека луѓето често во вакви ситуации завршуваат со повреди, но, не приметуваат затоа што се во шок.

Тој им рекол дека не е повреден, се вратил во подземната железница за да ја земе ќерка му.

„Се вратив со подземна железница и ја земав ќерка ми. Беше лудо“, рече Купер кој вели дека не бил ни свесен што можело да се случи.

 

 

Share
Scroll to Top