Бред Пит ја добил Анџелина Џоли на суд

Бред Пит ја добил Анџелина Џоли на суд

пред 4 години

Актерот Бред Бит ја добил неговата поранешна сопруга Анџелина Џоли на суд, во битката за старетелството над нивните деца, пишуваат американските медиуми. Магазинот New Idea пишува дека Џоли самата си ги уништи шансите да добие целосно старателство над трите биолошки и трите посвоени деца.

Според пишувањата на таблоидот, Бред не го криел задоволството од судската одлука, според која и тој ќе има право повеќе време да поминува со децата.

Од New Idea не објавуваат конкретни докази со кои се потврдени ваквите одлуки. Американските медиуми неодамна пишуваа дека исходот од битката ќе биде познат дури на крајот на декември оваа година. Но, неименуван извор за New Idea тврди дека спорот е решен и дека Бред однел победа.

За потсетување, на Џоли неодамна ѝ беше одбиено барање за иземање на судијата Џон Оудеркирк, човекот кој го водеше случајот, а и ги венчаше во 2014 година. Џоли бараше негово иземање затоа што приватно имал одлични односи со адвокатскиот тим на Бред Пит.

Кога оваа информација стигнала до јавноста, бројни обожаватели истата ја сфатиле како индиректно предупредување до актерот, дека сепак нема да добие целосно старателство.

Сепак, сè уште нема официјални потврди ниту од едната страна за крајниот исход. Обожавателите ќе мораат да почекаат да видат како ќе заврши крајниот исход од судскиот спор кој започна уште во 2016 година, пишуваат светските медиуми.

 

 

Share
Scroll to Top