Потребни состојки
фил
250 гр сирење
200 гр изварка
(или по желба само 500 гр сирење, односно само 500 грама изварка)
Прелив
250 мл кисело млеко или јогурт
250 мл млеко
150 мл масло
1 прашок за печиво
500 гр кори за гибаница
масло за попрскување
Начин на подготовка:
Најпрво се подготвува преливот. Во длабок сад се матат јајцата, па се додава јогуртот, млекото, маслото и печивото. Плехот од шпоретот се премачкува со масло и се ставаат три кори како подлога за гибаницата. Се попрскуваат со масло. Се зема една кора, се гужва, се става врз подлогата од кори и врз неа се става сирењето. Истото се повторува и со другите кори, кои згужвани се редак една покрај друга, а ако има се става и втор ред. Гибаницата со црпалка се посипува со преливот. Се остава да одмори додека се загрее рерната на 200 степени и се пече 35 минути.





