Еден од најдобрите светски голмани, Италијанецот Џанлуиџи Буфон, во престојното лето би можел да го засили тимот на Црвена Ѕвезда, вели неговиот менаџер Силвано Мартина.
Мартина е познат како човек кој едно време му беше менаџер и на српскиот фудбалер Немања Видиќ. Тој тврди дека добил повик од Белград, пишуваат српските медиуми.
На крајот на сезоната на Буфон му истече договорот со Јувентус, па тој стана слободен играч. На крајот одлучи да му се врати на својот матичен клуб, Парма.
„Идејата се роди пред 15 дена. Имајќи ги во предвид неговите години, имаав еден куп предлози. Се зборуваше за шест-седум клубови. Меѓу нив беа три бразилски клуба, понуди кои беа примамливи, но кои не можеа да се остварат, поради семејни работи“, изјавил Силвано во разговор за порталот „Калчомеркато“.
„Пред да потпишевме за Парма, не повика и Црвена Ѕвезда. Се враќав од Рим, отидов кај него и тогаш ми рече дека додека бил во Парма почувствувал силни емоции и тогаш сватил дека тоа е клубот кој го сакаше. Тоа беше романтично“, вели Силвано.
Иако Силвано тврди дека имало повик од Белград, тамошните медиуми јавно поставија прашање, зошто од клубот сакале да го ангажираат Буфон, кога веќе имале одличен голман и капитен Милан Борјан и второто зошто квотата за странци, да биде пополнета со ветеран од 43 години како Буфон.