Вардар исфрлен од завршниот турнир на СЕХА лигата поради еден случај на коронавирус во екипата

Вардар исфрлен од завршниот турнир на СЕХА лигата поради еден случај на коронавирус во екипата

пред 3 години

Раководството на СЕХА лигата не му дозволи на македонскиот првак Вардар да игра на завршниот турнир во Задар поради еден случај на коронавирус во екипата.

Здравствените власти vo Хрватска спроведоа тест за ковид-19 во тимот на Вардар во вторникот, на 31 август и резултатите покажаа дека има еден позитивен еден член на тимот. Заразениот и оние кои биле во контакт со него веднаш биле сместени во изолација.

Од СЕХА лигата објаснија дека постапиле според препораките на Европската унија околу зголемениот број на инфекции во земјите на ЕУ.

„По разговорите, Извршниот комитет ги провери документите, препораките и се согласи со голема одговорност и совест дека конкуренцијата и здравјето на сите учесници не можат да бидат загрозени. Поради сето споменато погоре, Извршниот комитет донесе одлука РК Вардар 1961 да биде исклучен од Фајнал 4 на СЕХА – Гаспром лигата во сезоната 2020/2021.

Share
Scroll to Top