Васил Гарванлиев и официјално ќе ја претставува Македонија на Евросонг, потврдија од МРТ

Васил Гарванлиев и официјално ќе ја претставува Македонија на Евросонг, потврдија од МРТ

пред 3 години

Македонската радио телевизија и официјално потврди дека Васил Гарванлиев ќе ја претставува Македонија на Евросонг 2021 година што ќе се одржи во Холандија. Тој веќе беше избран за македонски претставник во 2020 година, со песната You, но откако Евровизија се откажа заради короната, се чекаше официјална потврда од МРТ за тоа дали Васил ќе пее оваа година или ќе се избере нов претставник.

„ЕБУ има јасно утврдени правила кои ги обврзуваат националните радиодифузери да изберат нова песна за Евровизија 2021, но самите да донесат одлука дали ланскиот претставник ќе остане ист и за годинава, па ние решивме да го потврдиме учеството на Васил“, велат од МРТ.

За Васил сега треба да се избере нова песна, а МРТ отвори јавен повик за композиторите што ќе трае до 27 јануари и е достапен преку линкот http://mrt.com.mk/node/60250.

И оваа година на Евровизија ќе настапи 41 земја, а ќе се одржат две полуфинални вечери и финале, кои се закажани на 18, 20 и 22 мај во арената Ахој, во Ротердам.

„Повеќе од дваесет земји веќе ги потврдија истите учесници од лани. Но, заради непредвидливата состојба со короната, а за да го осигура одржувањето на шоуто, ЕБУ подготви четири можни сценарија, кои ќе овозможат непречено да одвива натпреварот дури и да мора да се направат промени во последен момент. Сите земји учеснички имаат обврска пред мај да обезбедат снимка од настап во живо на својот претставник, а организаторите ќе можат да ја искористат снимката ако делегациите не можат да патувааат во Холандија“, додаваат од МРТ.

Евровизија има четири можни сценарија како да се одржи музичкото натпреварување

 

Share
Scroll to Top