Велигденски милиброд со суво грозје

Велигденски милиброд со суво грозје

пред 4 години

Потребни состојки:

1 кг брашно
1 квасец со малку шеќер
300 мл млеко
300 мл вода
200 гр шеќер
100 мл масло
1-2 јајца
100 гр маргарин или путер
2 ќесички ванилин шеќер
350 гр суво грозје
кора од лимон

За одозгора:
1-2 жолчки со малку млеко.

Начин на подготовка:

Квасецот се става да нарасне со малку шеќер и малку брашно во млака вода. Пред да се започне со месење, брашното се просејува во сад за месење. Во садот се додаваат сите состојки, освен маргаринот и се меси меко тесто. Маргаринот се топи и се остава да се излади, па се додава на крај од месењето. Добро измесеното тесто се покрива со најлонска фолија и се остава околу 1.5 час за да нарасне.

Нараснатото тесто се дели и се плете. Секој дел се дели на 3 дела, се формираат долги парчиња и се плетат плетенки. Во плетенките по желба може да додадете ореви, суво грозје, локум, суво овошје. Ако сакате да направите тркалезно венче со место за јајце, на средината ставете топка од алуминиумска фолија.

Готовите плетенки ставете ги во намрсени калапи или тави и повторно оставете ги да нараснат, а овој пат околу 30 минути. На крај, премачкајте со мешавина која сте ја подготвиле од жолчките и млекото и печете на 180 степени, околу 35-40 минути.

Share
Scroll to Top