Вечерва во Ливерпул започнува 67. издание на Евросонг, организиран од Европската радиодифузна унија (ЕБУ) и британскиот Би-би-си. Од земјите од регионот, Србија и Хрватска ќе настапат во првата полуфинална вечер, додека Албанија и Грција ќе се претстават во втората полуфинална вечер.
Прв пат од 1980 година натпреварот да не се одржи во земјата победничка. Оваа година на Евровизија учествуваат 37 земји, под слоганот„Обединети од музиката“. Оваа година покрај Македонија на Евровизија нема да настапат и Бугарија и Црна Гора.
Вечерва домаќини се Џулија Санина, Хана Вадингам и Алиша Диксон.
Отворањето на годинешото издание на престижната музичка манифестација со 200 милиони гледачи ширум светот, ќе биде посветено на Украина. Секој учесник вечерва ќе биде претставен со традиционалната разгледница во времетраење од 40 секунди. Оваа година Би-Би-Си отиде на технологија со 360° беспилотни летала . Воведувањето ќе започне секој пат на локација во Украина, потоа ќе се пресели на друга локација во Обединетото Кралство и на крајот ќе слета во земјата на изведувачот. Трите локации ќе бидат поврзани со специфична тема поврзана со активноста по избор на секој претставник.