Вештачката интелигенција покажа како треба да изгледа идниот Џејмс Бонд

Вештачката интелигенција покажа како треба да изгледа идниот Џејмс Бонд

пред 2 години

Вештачката интелигенција би можела да сугерира и кој би можел да го замени Даниел Крег како Џејмс Бонд. Компанијата за видео игри, Unwind Media, ја искористи алатката DeepDream AI на Google и изјавите на продуцентот на филмовите за Џејмс Бонд, Барбара Броколи, за да открие како треба да изгледа идниот Џејмс Бонд.

Актер кој би можел да го толкува Џејмс Бонд во идните филмови мора да е Британец, помлад од 40 години и висок над 177 сантиметри.

Со оглед на тоа што во последните неколку години се бара нов Бонд, а како потенцијални наследници на Даниел Крег се споменуваат многу повеќе или помалку познати актери, интересно беше да се види дали вештачки создадениот Бонд ќе биде сличен на некој од нив , пишува Дејли меил.

Бонд генериран со вештачка интелигенција има светли очи, кафеава коса и црти на лицето кои потсетуваат на некои од постарите актери кои претходно го играле Бонд. Сепак, вистинското изненадување дојде кога медиумите открија дека Бонд генериран од вештачка интелигенција многу личи на британскиот актер Арон Тејлор-Џонсон. Овој 32-годишен Британец не само што ги исполнува упатствата поставени од продуцентот, туку изгледа и како слика генерирана од вештачка интелигенција. Покрај тоа, пред неколку месеци неговото име се споменуваше како еден од најтесните кандидати за улогата на Бонд.

Вештачката интелигенција во најмала рака би можела да помогне и да предложи како треба да изгледа актерот, пренесува Zimo.

Share
Scroll to Top