Казни за Мош и Интермецо, повторно за пуштање гласна музика

Казни за Мош и Интермецо, повторно за пуштање гласна музика

пред 9 месеци

Општина Центар повторно ги казни скопските кафулиња Мош и Интермецо за пуштање гласна музика. Од општината објавија дека сопствениците ќе треба да платат 13.000 евра и дека ако платат во рок од осум дена, паричната казна ќе ги чини 6.500 евра.

Во спротивно инспекторот ќе достави барања за поведување прекршочна постапка пред Основен суд, Оддел за прекршоци. Од Општината соопштија дека се одлучиле за акцијата за мерење на гласноста на музиката по големиот број поплаки од граѓаните.

Тие побарале од Секторот за Инспекциски работи, во текот на минатата недела, да ја измерат бучавата во раните утрински часови. Се утврдило дека музиката која доаѓала од двете скопски кафулиња, била погласна од дозволеното.

Општината постојано добива поплаки од граѓаните за гласна музика и непочитување на работното време по што во неколку наврати досега има изречено казни за бучава.

За потсетување, истите кафулиња во март годинава добија забрана за работа во период од 10 дена. Причината беше непочитување на работното време и гласната музика.

Share
Scroll to Top