Поранешниот англиски фудбалски репрезентативец и играч на Манчестер Јунајтед, Вејн Руни, од следната недела ќе биде тренер на Дерби Каунти, пишува весникот „Сан“.
Тие се повикуваат на извор близок до клубот, кој вели дека 34-годишниот фудбалер е близу до преземање на тренерската функција, иако е и играч на клубот од оваа сезона. Официјалните лица од Дерби, наводно, не се задоволни од работата на нивниот сегашен тренер, Филип Коку. Холанѓанецот може да биде отпуштен следната недела, а клубот планира да го назначи Руни за нов тренер.
Дерби имаше лош старт во сезоната 2020/21, откако претрпе три порази на четири натпревари во Чемпионшип.