Премиерката на Србија, Ана Брнабиќ, вели дека Новак Ѓоковиќ неправедно се држи во изолација во Австралија, со оглед дека на многу други невакцинирани тенисери истовремено им бил дозволен влез во земјата.
Taa во живо се приклучи на програмата на Sky News заради драмата со приведувањето на српскиот тенисер.
„Се согласувам со британскиот премиер Џонсон дека треба да се вакцинира. Јас примив три вакцини. Но, на Новак му е дозволено да оди во Австралија бидејќи има медицински исклучок. Прашањето за австралиската Влада е зошто не го ослободуваат. Единствено што бараме е тој да биде пуштен од хостелот за депортација да оди во куќата што ја изнајмил за престој за време на турнирот“, рече Брнабиќ.
Serbian Prime Minister Ana Brnabić is asked about Novak Djokovic being denied entry to Australia over COVID vaccination rules, and says the tennis star has “been treated differently” insisting he has “medical exemption” for vaccinations.
More here: https://t.co/Sq5RtLUHin pic.twitter.com/NTjKxG2VVx
— Sky News (@SkyNews) January 6, 2022
Новинарката постојано инсистираше на изјавата на претседателот на Србија, Александар Вучиќ, дека се работи за политички прогон, на што премиерката се обиде да објасни дека односот кон Ѓоковиќ е различен.
„Да, мислам дека тој е третиран поинаку од кој било друг тенисер во Австралија во моментов и затоа сметаме дека прашањето е политичко“, јасна е Брнабиќ.
Запрашана дали Србија ќе ја почитува одлуката за депортација на Ѓоковиќ, Брнабиќ посочува дека во Австралија со медицинско ослободување се пуштени дури 20 различни тенисери и дека таа ќе бара еднаков третман и за српскиот тенисер.
„Србија и јас, како и целиот народ, стоиме зад Новак и неговото семејство во ова тешко време. Во меѓувреме, очекуваме тој да биде ослободен од ужасните услови во кои моментално го држат австралиските власти“, заклучи Брнабиќ.