На саемот на автомобили во Њујорк беше промовиран автомобилот Deus Vayanne, за кој се вели дека е помоќен хиперавтомобил од „Невера“ на Мате Римац. Овој автомобил го произведе Deus Automobiles, австриска компанија која е основана 2020 година.
Автомобилот е со егзотичен изглед, а го опишуваат како совршена комбинација на симетрија и бесконечност. Се очекува тој да постави нови стандарди во автомобилската индустрија, бидејќи има максимална моќност од над 2.230 КС.
Vayanne достигнува 100 км/час за 1,99 секунди, додека максималната брзина е 400 км/час.
Цената за сега е непозната, но планирано е да се изработат 99 примероци. Првите испораки ќе почнат во 2025 година.