Британската пејачка Адел гостуваше во шоуто на популарната американска водителка Опра, каде во разговор и откри детали од нејзиниот приватен живот. Таа зборуваше за нејзиниот пропаднат брак и кажа дека сè уште го сака нејзиниот бивши сопруг Симон Конецки.
„Чувствував дека го немав испочитувано бракот, затоа што траеше многу кратко. За брзо време се разведов. Срам ми е што се случи тоа така. Чувствував дека го разочарав и син ми самата себе“, призна Адел и откри дека таа сè уште го сака Симон.
Таа сватила дека бракот ѝ се распаѓа откако направила тест за карактерот во едно списание. На прашањето „Што е тоа нешто што никој не го знае за тебе“, таа сватила дека не била среќна и дека не го живеела животот туку само се трудела да го живее.
„Најтешко ми беше да му објаснам на шестгодишно дете дека го сакам неговиот татко, но, дека не сум заљубена во него“, рече Аде и призна дека тој всушност ѝ го спасил животот откако станала голема музичка ѕвезда.
„Бев млада и мислам дека многу лесно можев да се уништам и да тргнам во погрешен правец, затоа што бев оптеретена со славата. За среќа тој беше најстабилната личност во мојот живот. И сега му верувам до толку што можам и да му го доверам мојот живот“, рече Адел.
За потсетување Адел со Симон беше во брак 8 години, а се разведоа во 2018 година.
Пејачката кај Опра зборуваше и за нејзиниот приватен живот од детството и за нејзиниот татко, за кој вели дека го загубила поради алкохолот. Адел рече дека опседнатоста да има функционално семејство ја развила баш поради нејзиниот татко кој бил алкохоличар.
Адел кажа дека татко ѝ ја напуштил уште како дете.
„Ми недостигаше присутноста на татко ми. Но, конечно сватив дека тоа алкохолот е тој кој ми го зема. Немав буквално никакви очекувања од другите, затоа што по неговиот пример научив да немам. Тоа е причината зошто не сватив што значи да се има однос полн со љубов“, рече Адел.
Пејачката откри дека со него контактирала три години пред неговата смрт, а тој ѝ признал дека има слушнато само една нејзина песна и тоа Hometown Glory.
„Никогаш не пуштил ниту една друга моја песна, затоа што ми призна дека му биле премногу болни“, рече Адел, која за време на нејзиниот настап кај Опра, ја отпеа Make You Feel My Love додека еден маж од публиката ја запроси својата девојка.