(Видео) Александар Темелков од „Гранд“ освојува со нова фолк-песна

(Видео) Александар Темелков од „Гранд“ освојува со нова фолк-песна

пред 3 години

Фолк-пејачот Александар Темелков, кого публиката го запозна од шоуто „Ѕвездите на Гранд“, ја промовира новата песна „Птици летајте“. Текстот за песната го напиша Стојан Тоше Лазаревски, музиката е на Мики Паневски, а аранжманот е на Славко Ристески. Александар песната ја промовира со видео од емисијата „ИмаТ немаТ“ на ИнТВ од Австралија.

Новата песна на Александар ѝ се допадна и на публиката, па тој добива само пофалби на социјалните мрежи за „Птици летајте“. „Браво момче, само продолжи така“, „Многу убаво испеана“, стои во коментарите на Јутјуб.

Share
Scroll to Top