(Видео) Ален Хасановиќ од големата сцена на „Гранд“ почна да пее на паркинзи

(Видео) Ален Хасановиќ од големата сцена на „Гранд“ почна да пее на паркинзи

пред 2 години

Поранешниот учесник во „Ѕвездите на Гранд“, Ален Хасановиќ, пееше  на паркингот во празната подземна гаража во трговскиот центар „Ист гејт мол“. Додека се шеташе низ гаражата, Ален испеа неколку песни, а меѓу нив и најновата „Једина нада“, па ги праша фановите на социјалните мрежи дали им се допаѓа. Кога заврши со пеењето, влезе во автомобилот и си замина.

dobivaj vesti na viber

„Ау, дечко, каква акустика“, „Почна да пееш по гаражи, од Гранд сцена во гража“,  се шегуваат едни на социјалните мрежи. Други го пофалија за пеењето, па велат дека е одличен, а песната му е хит.

Ален, кој по потекло е од Прилеп, се прослави со учеството во „Ѕвездите на Гранд“, а откако победи со продукцијата сними неколку песни. Еден период се повлече од јавноста, но сега пак ѝ се врати на музиката.

Share
Scroll to Top