Македонскиот фудбалер Езџан Алиоски Новата година ја започна со гол и асистенција во дресот Ал-Ахли. Алиоски одигра одличен натпревар иако неговиот тим загуби од Ал-Шабаб со 3:4.
Алиоски во првото полувреме од корнер му асистираше на Асири, а пред паузата постигна и гол од пенал со кој го израмни резултатот 2:2. За него ова е 4 гол оваа сезона и 14 настап за тимот.
Ал-Ахли продолжи со серијата лоши резултати. Ова за нив беше 4 пораз по ред и во моментов се на 12 место на табелата со 15 бодови.