Ана Николиќ објави ново видео во кое му се пожали на сопственикот на „Хајп продукција“, Саша Мирковиќ дека не може да снима заради проблемот со лицето. Пејачката рече дека со мајка ѝ биле во болница, каде лекарите и рекле дека ѝ треба психијатар, а потоа рече дека се плаши да не добие вошки.
„Дали си нормален, што да снимам? Види, ќе добијам вошки. Сите пари ги дадов за бензин, ја платив таа девојка, отидов на гробишта и купив цвеќиња. Немам пари, а немам ни леќи. Што да снимам со очилава, боже мој? Подобро да ми дадете малку пари“, рече Николиќ.
Мирковиќ објасни дека раните ѝ се појавиле затоа што Ана не сакала да престане да конзумира недозволени супстанци.
За потсетување, пејачката се најде среде скандал кога на социјалните мрежи објави видео во кое се жали дека има сериозен проблем со лицето, па голем број од познатите личности меѓу кои и Јелена Карлеуша и Аџа Лукас и понудија помош.