(Видео) Англчанецот Мајки Керол од чистач на улици, станал милионер

(Видео) Англчанецот Мајки Керол од чистач на улици, станал милионер

пред 3 години

Англичанецот Мајки Керол, имал само 19 години, кога во 2002 година кога освоил лото. До тогаш тој работел како чистач на улици. Вели дека преку ноќ станал милионер, откако ја освоил главната добивка во износ од 9,7 милиони фунти.

До тој момент, Керол, немал ниту сметка во банка, а сега можел да купи што ќе посака, куќа автомобил, а парите вели дека ги трошел и на дрога и жени.

„Наутро ќе станев и ќе пробав кокаин и ќе испиев пола шише вотка. Дури тогаш ќе се расонев“, се присетува Керол.

Тој парите ги трошел и на скапи летувања, а со него викал големо друштво. На пријателите им плаќал проститутки. Керол вели дека спиел со 4000 проституки. Бракот со една од неговите пријателки од школо му се распаднал.

Купил куќа на село, која потоа ја уништил. Со прачка ги скршил прозорите. Потоа завршил во затвор поради тепачка. На крајот завршил во дом за бездомници.

До 2013 година Керол вели дека ги потрошил сите пари кои ги добил на лото. Три месеци спиел во дом за бездомници, а на крајот се вработил во една кланица. Денес живее под кирија во едно мало место во Шкотска. Таму товари јаглен десет часа во денот.

И покрај тешката работа, Керол вели дека е задоволен и среќен.

„Среќен сум што сум жив. Ништо лошо не ми се случи. За само една фунта, ги проживеав најдобрите десет години во мојот живот“, изјавил Керол.

 

 

 

Share
Scroll to Top