(Видео) Баба од САД првпат по 25 години отишла на љубовен состанок

(Видео) Баба од САД првпат по 25 години отишла на љубовен состанок

пред 2 години

Лилиан Дрониак од САД има 92 години и е вистинска ѕвезда на Тик ток. Таа секојдневно објавува смешни видеа, моменти од нејзиниот живот или споделува совети за младите луѓе и има повеќе од 7,4 милиони следбеници.

Таа неодамна на своите обожаватели им откри како за првпат по 25 години отишла на состанок, а видеото го погледнале повеќе од 20 милиони корисници. Во првото видео на своите следбеници им покажа како се шминка, се подготвува и средува, а изјави и дека е малку нервозна.

@grandma_droniaki couldnt say no to a first date because its been too long and im not getting any younger♬ original sound – grandma_droniak

Лилиан раскажува како го запознала човекот со кој ќе оди на прв состанок.

„Го запознав кога играв на лотарија, многу е убав и не можев да го одбијам. Можеби и ќе го бакнам, никогаш не се знае”, вели бабата додека става црвен кармин.

Потоа на своите следбеници им го покажа фустанот што го избра за состанокот.

„Ако не му се допаѓам, може да замине веднаш. Се што сакам е бесплатна вечера. Нема ни паричник или чанта да носам. Ќе ве известам како ќе поминам”, вели бабата.

@grandma_droniak Replying to @neens3251 ♬ original sound – grandma_droniak

Share
Scroll to Top