(Видео) Бајден пак утна, наместо Обама го пофали Трамп

(Видео) Бајден пак утна, наместо Обама го пофали Трамп

пред 3 години

 

Американскиот претседател Џо Бајден направи нов лапсус, откако во говорот што го држеше во Пенсилванија, ги помеша поранешните претседатели Барак Обама и Доналд Трамп, па по грешка го пофали Трамп. Тој веднаш потоа се извини и рече дека направил „фројдовски лапсус“.

„Уште во 2009 година, за време на таканаречената Голема рецесија, претседателот ме замоли да управувам со тој дел. Тогашниот претседател Трамп, оф, се извинувам, ова е ‘фројдовски лапсус’, се збунив зашто Трамп беше последниот претседател. Нема врска, мислев на претседателот Обама, кога јас бев потпретседател“, рече во говорот Бајден.

Видеото на социјалните мрежи го споделуваат противниците на Бајден, кои велат дека е стар и сенилен и дека треба да се откаже од функцијата.

„Мислам дека Џо Бајден можеби и не знае што е ‘фројдовски лапсус’“, изјавија од кабинетот на републиканскиот сенатор Џош Холи, кој е еден од противниците на американскиот претседател.

Share
Scroll to Top